АКТИВНОСТИ

Градење на капацитети

Проектот ќе опфати обемни програми за обука на претставниците на локалните власти и персоналот на ЗЕЛС, како и на воспитно-образовниот кадар од предучилишно образование и грижа, основно и средно образование. Дизајнот на програмите за обука ќе се заснова на анализата на потребите за обука. Процесот за регрутирање на учесниците во обуката ќе опфати изработка на Методологија за регрутирање и спроведување на информативни сесии во секоја од општините. Ќе биде развиена и е-библиотека, која ќе содржи различни образовни ресурси, како и материјали кои се употребени за време на обуките, и други материјали кои се изработени од други засегнати страни.

Подготовка на локални стратегии за правата на децата

Вклучените општини континуирано ќе бидат поддржани во развивањето и операционализацијата на стратегиите за правата на децата преку партиципативен процес. Овој процес ќе опфати: организирање на меѓународна конференција и локални конференции; формирање на локални панели за правата на децата одговорни за дизајнирање, олеснување и координирање на развојот, спроведувањето и следењето на локалните стратегии; спроведување на консултации со децата за информирање на приоритетите кои се утврдени во локалните стратегии, и обезбедување на сесии за поддршка во секоја од целните општини.

Дигитална платформа за следење на правата на децата

За да се олесни ефективното следење додека се интегрираат дигиталните алатки, проектот ќе доведе до развој на Дигитална платформа за следење на правата на децата. Оваа платформа ќе служи како виртуелен простор кој ќе им овозможи на вклучените чинители да ги следат, менуваат и истакнуваат резултатите од спроведувањето на локалните стратегии. Платформата ќе се дизајнира и развие преку партиципативен процес и пилот верзијата ќе се тестира од целната група. Релевантниот персонал од целните општини ќе биде обучен за користење на платформата и за редовно ажурирање на информациите и податоците.

Кампања за подигање на свеста

Активностите за подигање на свеста ќе обезбедат максимално влијание на проектните активности и ќе гарантираат ефективна видливост и дисеминација на резултатите од проектот. Тие ќе вклучуваат развој на визуелен идентитет, информативни материјали и веб-страница на проектот, како и низа резултати како што се Извештај за најдобри практики, видео сведоштва и подкасти. Ќе се одржи завршна конференција за да се информираат релевантните засегнати страни и пошироката јавност за достигнувањата и научените лекции во рамките на проектот, да се презентираат резултатите и учинокот од проектот, да се разменат искуствата и влијанието, и да се промовира прифаќањето и вклучувањето на резултатите.