Брошура со клучни согледувања од Меѓународната конференција

Окт 2, 2024

Во октомври минатата година, одбележавме значаен момент за проектот преку размена на идеи и добри практики со УНИЦЕФ и општини од неколку европски земји кои ја спроведуваат иницијативата „Градови посветени на децата“.

Конференцијата „Креирај го твоето место за растење“ беше одлична можност за споделување искуства во локалното планирање за правата на децата, со учество на општини, професионалци, академици и деца.

Фокусот беше на потребата локалните планови да ги адресираат проблемите на децата, а младите активно учествуваа во мапирањето на областите за подобрување.

Клучните заклучоци се сумирани во брошура, каде можете да дознаете повеќе за панелистите и визијата на децата и младите од Виница, Кисела Вода, Гостивар, Велес и Дебар.

Остануваме посветени на реализацијата на препораките и спроведувањето на идеите во практика. Брошурата е достапна на Македонски, Албански и Англиски на нашата веб-страница.

Погледнете ја брошурата тука