Да се потсетиме на тоа колку е важно да ги прашуваме децата за идеите како нивната општина може да стане поубаво и побезбедно место за нивно растење.
Младите умови од Велес, Кисела Вода, Дебар, Гостивар и Виница со својата креативност и енергија изработија интересни табли каде ги претставија своите идеи и визии за нивните општини.
Општините ги зедоа во предвид укажаните забелешки и треба напорно да работат за да покажат дека гласот на децата не само што е важен и се слуша, туку и се зема во предвид во локалното планирање.