Втор состанок на управувачкиот одбор на проектот

Јул 5, 2023

На 03.07.2023, го одржавме вториот состанок на работната група на проектот „Место за растење – Општини посветени на децата“, реализиран од Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi и KMOP Skopje, вклучувајќи и претставници од општините Виница, Велес, Гостивар и Кисела Вода како и претставнички од ЗЕЛС.

На работната средба, учесниците се информираа за завршените активности, тековните настани како и за следните активности во рамки на проектот. Дискусијата ја продолживме и преку работилничкиот дел наменет за подобро запознавање и креирање на конструктивна работна кохезија помеѓу членовите/претставниците на организациите/институциите.

Беше задоволство да се запознаеме и меѓусебно да се информираме за предизвиците коишто претстојат.