Спроведувањето на истражувања и консултации со деца е од клучно значење за добивање увид во нивните мислења. Овие активности овозможуваат креирање на општини кои ги отсликуваат потребите и визиите на децата.
Во овој пост, се фокусираме на клучните етички аспекти кои мора да се земат предвид при спроведување на истражувања и консултации.
Информирана согласност: Децата и нивните родители мора да бидат целосно информирани за целите и процесот, и доброволно да дадат согласност.
Заштита и добросостојба: Истражувањата не смеат да предизвикаат штета или непријатности за децата бидејќи нивната добросостојба е приоритет.
Доверливост и приватност Чувствителните податоци на децата мора да бидат заштитени, а нивниот идентитет заштитен.
Вклученост на децата: Децата треба активно да учествуваат во истражувањата и консултациите на начин кој е соодветен за нивната возраст и развој.
Примери и студии на случај од различни држави:
- Во Норвешка, децата учествуваат во дизајнирање на истражувачки прашања, што го зголемува нивниот интерес и влијание.
- Во Канада, се користат интерактивни методи за да се олесни учеството на децата во истражувањата.
За подетални информации и корисни совети разгледајте го ресурсот “Етичко истражување и консултации кои вклучуваат деца” достапен во нашата е-библиотека.