ЗА НАС

ПРОЕКТНИ ПАРТНЕРИ

Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Меѓаши

Меѓаши е лидер во промовирање и заштита на детските права во земјата од 1992 година. Организацијата има спроведено прилагодени проекти и иницијативи кои дадоа голем придонес во унапредувањето на детските права и зголемувањето на јавната свест. Меѓаши има долгогодишно искуство во промовирање на детското учество преку обезбедување на обуки и други можности за наставниците и децата, како и одржување на долгорочни партнерства со широка мрежа на училишта и општини.

Центар за семејно и детско згрижување – КМОП Скoпje

КМОП Скопје е невладина организација со искуство во поддршка на ранливите лица преку спроведување на социјални иницијативи, едукација, истражување и обезбедување социјални услуги. КМОП Скопје има долгогодишно искуство со национални и меѓународни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на социјалните и образовните услуги за децата, како и градење на капацитетите на родителите и на професионалците кои работат со деца.

Проектот е поддржан од:

Општина Виница

Општина Дебар

Општина Гостивар

Општина Велес

Општина Кисела Вода

Здружението на општини (ЗЕЛС)