ЗА ПРОЕКТОТ

ЗОШТО ИМА ПОТРЕБА ОД ВАКОВ ПРОЕКТ?

Општините нудат низа програми, услуги и удобности за децата и нивните семејства, и на тој начин играат суштинска улога во обезбедувањето на поволни услови за унапредување, остварување и заштита на правата на децата. Но им недостигаат клучни стратешки документи кои би биле дизајнирани врз основа на уникатните потреби, перспективи и очекувања на децата и би служеле за поефективно унапредување на правата на децата.

Децата често се отсутни од јавниот дискурс и немаат конкретни можности за вистински да се вклучат со возрасните кои носат одлуки. Се смета дека ова го овековечува популарниот негативен стереотип за децата како пасивни корисници, а не како активни граѓани.

Локалните самоуправи треба да направат повеќе за да ги интегрираат потребите на оваа често невидлива, но важна група во одлучувањето и се осигурат дека градот, гратчето или заедницата под нивна јурисдикција се средини што го стимулираат развојот на децата и создаваат услови за нивно активно учество во животот и работата на локалната заедница.

Поттикнувањето на учеството на децата во локалното планирање бара развој на поволна средина, меѓу другото преку промовирање на свеста за правото на детето да биде слушнато од најмала возраст, развој на голем избор на можности за изградба на капацитетите на професионалците кои работат со деца, воспоставувањето на структури за учество и градење на стратешки партнерства со низа локални чинители.

ШТО ЌЕ ПОСТИГНЕ ПРОЕКТОТ?

Место за Растење има за цел да ги зајакне напорите на локалните власти за унапредување на човековите права на децата и учеството на децата во локалното планирање.

Поконкретно, проектот ќе придонесе за:

N

зајакнување на капацитетите на претставниците на локалните самоуправи за правата на децата, учеството на децата и сеопфатното локално планирање за децата

N

зајакнување на знаењата и вештините на системот за рано детско образование и грижа и училишниот персонал за планирање и спроведување на консултации со децата за прашања од локално значење

N

поддршка на локалните самоуправи во развојот и операционализацијата на локални стратегии за правата на децата преку партиципативни процеси, засновани врз најдобрите практики во ЕУ

N

воведување алатки за ефективно следење на правата на децата на локално ниво

N

подигање на свеста за правата на децата и важноста на локалното планирање за унапредување на состојбата со правата на децата

КОЈ ЌЕ БИДЕ ВКЛУЧЕН?

Активностите на проектот ќе се спроведуваат низ следниве општини: Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода, додека ангажманот на Заедницата на општини (ЗЕЛС) ќе поттикне понатамошна дисеминација и репликација на развиените ресурси и воспоставените добри практики.

Главните целни групи ги вклучуваат:

N

Локалните власти

N

Образовниот кадар и раководителите од предучилишното образование и грижа (ECEC), основни и средни училишта

N

Децата на возраст од 3-18 години

N

Други клучни чинители (граѓански организации кои работат на детски права, бранители на човековите права на децата, академски институции, истражувачи, групи на професионалци кои работат со деца, организации на родители, приватниот сектор и медиуми)