📣На 25 октомври се одржа Меѓународната конференција „Креирај го твоето место за растење“
🎯Водечки експерти, креатори на политики и застапници од Европа кои се посветени на децата и кои имаат долгогодишно искуство во локалното планирање за децата заедно со локални власти, академици, граѓански организации, млади и деца од земјава беа главните говорници на Меѓународната конференција.
➖Ставрула (Лина) Антара од УНИЦЕФ Грција и Катерина Самали, Општина Катерини од Грција, ја претставија иницијативата на УНИЦЕФ за градови посветени на децата во Грција и акцискиот план за општини посветени на децата. Нагласија дека заложбата на општините за остварување на оваа иницијатива е клучна и дека донесувањето на одлуките на локално ниво треба да биде преку активно учество на децата заедно со локалните власти.
➖Јулија Вогербауер од УНИЦЕФ Австрија и М-р Елизабет Венцл од Институтот Family and Career Management од Виена, дадоа увид во австриски заедници посветени на семејството и децата. Нагласија дека главната цел е да се носат одлуки на локално ниво според конвенцијата за права на децата а како добра практика го посочија градот Грац каде што е воспоставен детски парламент каде децата имаат можност да предлагаат активности кои всушност би биле од голема корист за децата и нивните родители.
➖Хајке Тафелмаер, координатор за иницијативата за заедници посветени на децата, град Крефелд, Германија, ги престави целите и предизвиците при отпочнување на имплементација на иницијативата за градови посветени на децата нагласувајќи дека е важно да се постигне баланс меѓу децата и администрацијата на локалните власти, да се постави рамка и структура за поддршка на администрацијата со што ќе се приоретизираат потребите на децата и нивните права и ќе се реализираат проекти и активности со фокус на децата.
🤝Конференцијата беше платформа за инспирирање на општините во нивните заложби за креирање локални заедници во кои децата ќе живеат здрави, сигурни, среќни и поддржувани.
✨Настанот претставуваше уникатна и несекојдневна можност да се слушне и научи од искуствата и практиките на водечки локални самоуправи од Европската Унија кои се посветени на децата, а воедно и да се споделат визиите, предизвиците и можностите на општините од државата во насока на промовирање, остварување и заштита на правата на децата.
👧🧒Младите и децата имаа носечка улога на оваа Меѓународна конференција,и се појавиjа како модератори, водители и говорници на настанот, а сите присутни млади и деца заедно со претставниците на локалните власти од Кисела Вода, Виница, Гостивар, Велес и Дебар, училиштата и граѓанскиот сектор, заеднички учествуваа во практична работилница за креирање на нивната визија “општина пријател на децата“.
📢Пораките кои беа пренесени на 🟠Меѓународна конференција „Креирај го твоето место за растење“:
➖Патриција ДиЏовани посочи дека УНИЦЕФ долго ја има програмата „Градови погодни за деца“ каде секое дете расте безбедно, има пристап до основни услуги – чист воздух и вода, средина каде што може да игра и учи и каде гласовите им се слушнати и значат во заедницата.
➖Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, која постои 31 година, на отворањето на конференцијата рече дека Македонија е една од ретките земји каде децата двапати доставувале извештај подготвен од деца за состојбата со правата на децата и го бранеле пред Комитетот за правата на детето во Женева – еднаш со присуство, а вторпат онлајн во време на пандемијата.
➖Мари-Мадлин Канелопулу, раководителка на сектор во Делегацијата на ЕУ, истакна дека темата за правата на децата е вметната во Договорот за Европската Унија и е високо на агендата на ЕУ.
➖Кристина Василеска, директорка на Центарот за семејно и детско згрижување КМОП Скопје кој ја организираше конференцијата, истакна дека оваа иницијатива за унапредување на правата и заштита на децата е доказ за колективното уверување за иднина во која децата и младите ќе бидат слушнати и вреднувани во средини кои се креирани токму за нивната благосостојба.