Консултации во Дебар

Окт 14, 2024

На 09.10.2024 се одржа консултативна средба во рамките на Проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“. На истата учествуваа 30 ученици од основните и средните училишта од општина Дебар.

На консултативната средба се водеше енергична дискусија каде децата ги дадоа своите размислувања, идеи и секојдневни потреби кои ги упатија до општина Дебар. Многу совесни во своите барања и идеи, детално ги образложија сите барања, очекувања за  решавање на проблемите од страна на Општината.

Консултациите со децата имаат за цел да ги идентификуваат клучните проблеми во остварувањето на правата на децата, да ги реализираат и мотивираат кон остварување на целите што тие ги изразуваат.

Врз основа на анализата на потребите што ги искажаа пред панелистите кои учествуваа од сите релевантни институции во Дебар, ќе се креира Стратешкиот план за унапредување на правата на децата и нивно вклучување во локалното планирање.

Консултативната средба е активност во рамките на проектот „МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ: ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА“, што го спроведуваат Првата Детска Детска Амбасада во Светот, „Меѓаши“ и КМОП Скопје.