Консултации со деца во Гостивар

Окт 25, 2024

Децата во Гостивар вклучени во креирањето на стратешкиот и акциски план за детските права.

Во Гостивар се одржаа консултации со децата како дел од иницијативата „Место за растење: општини посветени на децата.“

Целта на овие активности беше да се поттикне учеството на децата во процесите на донесување одлуки и да се создаде средина која ги задоволува нивните потреби.

За време на консултациите, децата дискутираа за важни теми како што се дискриминацијата, пристапот до здравствени и образовни услуги, создавање безбедна и чиста животна средина, како и потребата од зелени површини и базен. Исто така, беше истакната потребата за поголема заштита од насилство и заштита од уличните кучиња.

Овие барања ќе бидат дел од заложбите на Општина Гостивар за да стане место кое ги исполнува правата на децата, согласно Конвенцијата за правата на детето.