Консултации со деца во општина Велес

Окт 7, 2024

На 7 октомври во Европската куќа во Велес се одржа консултативна средба на која учествуваа триесетина деца од основните и средните училишта од општината како и општински панел со претставници од општината и воспитно образовните институции. Целта е да се унапредат правата на децата и да се зголеми нивното учество во локалното планирање.

На консултативната средба се разви енергична дискусија во која децата ги изнесоа своите размислувања, идеи и потреби во секојдневниот живот и ги адресираа до Општина Велес. Свесни за постоењето на позитивните но и негативните појави и случувања во средината во која живеат, побараа од општината подобрување на животната средина, решавање на проблемот со кучињата скитници, решавање на проблемот со уличното осветлување и уште многу други.

Консултативните средби со децата имаат за цел да овозможат да се идентификуваат клучните проблеми во остварување на детските права од нивна перспектива и да се приберат нивните очекувања за тоа што треба да се преземе и промени во локалната заедница.  Врз основа на анализата на потребите ќе се креира стратешки план за унапредување на правата на децата и нивното вклучување во локалното планирање.