Консултации со деца во општина Кисела Вода

Окт 28, 2024

На 25.10.2024 се одржа консултативна средба во општина Кисела Вода во рамките на Проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“.

На истата учествуваа 30 ученици од основните и средните училишта, но вклучени во процесот од своите дневни простории беа и најмладите претставници – дечињата од градинките во општина Кисела Вода.

Консултативната средба со децата беше вистинска инспирација на која не можевме да одолееме! Своите размислувања, идеи и секојдневни потреби во рамки на Општината беа преточени во креативи, есеи и прекрасни изработки!

Консултациите со децата имаат за цел да ги идентификуваат клучните проблеми во остварувањето на правата на децата, да ги реализираат и мотивираат кон остварување на целите што тие ги изразуваат.

Врз основа на детските потреби,  панелистите ќе го креираат Стратешкиот план за унапредување на правата на децата и нивно вклучување во локалното планирање во Општина Кисела Вода.

Како и секогаш по завршување на средбата, не можевме а да не си подариме и меѓусебни подароци под слоганот: оддецатазадецата

Консултативната средба е активност во рамките на проектот „МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ: ОПШТИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ДЕЦАТА“, што го спроведуваат Прва детска амбасада Меѓаши и КМОП Скопје со поддршка од Европската Унија.