Консултации со деца и општински панел во општина Дебар

Окт 9, 2024

На 9 октомври во Дебар се одржаа консултации и оштински панел, во рамки на иницијативата за создавање Општини посветени на децата

Општина посветена на децата претставува заедница која интересите на децата ги поставува на врвот на своите општински политики, создавајќи безбедни, инклузивни и одговорни средини за најмладите. Тоа е град или заедница каде што гласовите, потребите, приоритетите и правата на децата се составен дел на јавните политики, програми и одлуки. Оваа иницијатива ги почитува детските права, како што се утврдени во Конвенцијата за правата на детето и согласно домашното законодавство.

Целта на консултациите беше да се обезбеди учество на децата во процесите на донесување одлуки и да се слушнат нивните потреби, визии и перспективи за предизвиците во нивната заедница. Клучен принцип на овој процес на креирање стратешки план е вклучувањето на децата во секоја активност што ги засега нивните права.

Членовите на општинскиот панел за правата на детето ги ислушаа децата и се запознаа директно со нивните идеи и барања. По консултациите, беше одржана и работна средба со панелот на која продолживме со креирање на стратешкиот план за правата на децата во општина Дебар.

Консултативната средба и општинскиот панел  се активности спроведувани во соработка со Општина Дебар , во рамки на проектот „Место за растење – општини посветени на децата” спроведуван од ПДАС Меѓаши и КМОП Скопје.