Децата го имаа главниот збор а присутните внимателно слушаа!
На, 7.10.2024. триесетина деца од основните и средните училишта во Велес отворено ги изразија своите ставови и потреби во рамки на консултативната средба за стратешкиот план. Во атмосфера на споделување, тие бараа подобрување на животната средина, решавање на проблемите со кучињата скитници и уличното осветлување, училишта без дискриминација по било кој основ, учество во донесувањето одлуки…
Претходните денови, во консултативните средби на ниво на општината беа вклучени уште 20 деца од предучилишна и училишна возраст од неколку градинки и училишта.
Претставниците на општинскиот панел ги ислушаа сите размислувања, со цел тие да бидат вградени во планот. Така и продолживме по консултациите, имајќи ги предвид пораките од децата.
Консултативната средба и општинскиот панел се активности спроведувани во соработка со Општина Велес, во рамки на проектот „Место за растење – општини посветени на децата” спроведуван од Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi и KMOP Skopje.