На 17 септември проектниот тим на „Место за растење“, во соработка со локалните фасилитатори на петте општини вклучени во проектот, одржа координативен состанок.
Фокусот на состанокот беше разгледување на методологијата, планирање и организацијата на консултациите со деца, кои се клучни за осигурување на активно учество на децата и вклучување на нивните перспективи во локалните стратешки планови.
Дополнително, разговаравме за подготовките за втората средба на членовите на локалните панели во секоја општина .Овие панели имаат за цел да постават акциски планови, да одредат стратешки цели, и да развијат предлог-стратегии и активности за вклучување на децата во процесите на локално одлучување.
Се подготвуваме за следните чекори!