Локален Панел Во Виница

Окт 16, 2024

ОПШТИНА ВИНИЦА ЗАЕДНО СО ДЕЦАТА, УЧЕНИЦИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ, СТРУЧНАТА СЛУЖБА ВО УЧИЛИШТАТА, ПРЕТСТАВНИЦИТЕ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА, ПОЛИЦИЈАТА, ЗДРАВСТВЕН ДОМ И ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ …..покажаа дека сакаат и можат да создадат додадена вредност на СЕ она што го имаат како работни задолженија и да се вложат во НОВА МИСИЈА – КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈА ЗA ДЕЦА НА ОПШТИНА ВИНИЦА.

Масовност и посветеност од сите чинители и присутни на настанот кој се одржа во Прогресив Академија на 15 Октомври 2024 година, а е дел од Проектот на Првата детска Амбасада во светот Маѓаши и Центарот за семејно и детско згрижување КМОП, ВИНИЦА – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА.

Децата/учениците беа изворот на детектирање на недостатоците и проблемите во урбаната и руралната средина во општина Виница, но и изворот на идеите и можностите за нивно надминување преку консултации со нив.

Во консултациите со деца кои со посебна методологија ги направија наставниците, воспитувачите и стручните служби во Детската Градинка и училиштата, беа опфатени 27 деца од 3 до 6 години во градинката, 85 деца/ученици од прво до петто одделение, 91 дете/ученик од шесто до деветто одделение во основните училишта и 45 деца/ученици од средното општинско училиште.

Во првиот дел од настанот работеа учениците под менторство на наставници и преку нивни цртежи, искази, барања и констатации ги изразија потребите и проблемите со кои се соочуваат секојдневно.

Во вториот дел од настанот членовите на Локалниот Панел, претставници од училишта, општина,институции и здруженија на граѓани, врз основа на детектираното од страна на учениците, ги развиваа можностите за надминување и решавање на состојбите.

Настанот заврши на општо задоволство на сите присутни.