15.10.2024, Виница
Штотуку завршија консултациите со над 100 деца од Виница како и средбата со 22 члена на општинскиот панел!
Консултациите со децата и средбите со членовите на општинските панели придонесуваат кон создавање општини кои ги одразуваат потребите и визиите на децата.
Воспитно-образовните институции во Виница, почнувајќи од градинките до средните училишта, следејќи ја Методологијата за консултации со децата, организираа низа креативни активности: истражувања за состојбите во општината преку видеа и фотографии, анкети со сите ученици/ученички од гимназијата „Ванчо Прке“, скечеви, работилници на тема ,,Дискриминација”…Сите овие активности се клучни за добивање вистински увид во потребите, мислењата и идеите на децата.
Ваквиот процес е од особено значење за креирањето општинска Стратегија по мерка на децата!