Најава на Меѓународната конференција „Креирај го твоето место за растење“

Окт 1, 2023

🗓️25 октомври I 📍 Хотел Холидеј Ин, Скопје

📢Со големо задоволство ја најавуваме Меѓународната конференција: Креирај го твоето место за растење, организирана во рамките на нашиот проектот Место за растење: Општини пoсветени на децата.

👥🗣Нашата примарна цел е да ја поттикнеме соработката за унапредување на правата на децата, а дополнително, овозможувајќи им на локалните власти во земјата да се здобијат со увид во практиките на локалните власти во државите од Европска Унија кои имаат долгогодишно искуство во локално планирање за деца.

🔜Следете не за повеќе информации за говорниците и панелистите на конференцијата.

✅Учење од искуствата на ЕУ

📌Конференцијата е дизајнирана да послужи како платформа за споделување знаења, искуства и најдобри практики во спроведувањето на иницијативите погодни за децата низ Европа, што на крајот ќе ги олесни поефикасните и повлијателни напори за заштита на правата на децата.

🗣Претставниците од канцелариите на УНИЦЕФ од Австрија, Германија и Грција, општина Катерини од Грција, општина Крефелд од Германија, ќе дадат увид во практиките кои ги применуваат локалните власти во Европската Унија кои се посветени на децата и кои имаат долгогодишно искуство во локалното планирање за децата.

🎯Конференцијата има за цел да се подигне свесноста на општините за неопходноста од вклучувањето на децата и младите директно во процесот на креирање на нивната општина и место за растење. Темата на настанот е:

💯“Како да се креираат подобри места во кои децата и младите би растеле и би се развивале“.

🧒👧За таа цел ги поканиваме децата и младите како и претставници на децата од училиштата да бидат директни учесници на Меѓународната конференција.

💬Исто така, претставници на децата и младите од Македонија ќе го пренесат своето мислење пред возрасните за важноста општините да бидат посветени на децата.

🗣👥Дел од младите ќе се појават како модератори, водители, говорници, а сите присутни деца заедно со возрасните ќе можат заеднички да учествуваат во креирањето на нивната визија за општина пријател на децата.

✅Учење од искуствата на ЕУ

📌Конференцијата е дизајнирана да послужи како платформа за споделување знаења, искуства и најдобри практики во спроведувањето на иницијативите погодни за децата низ Европа, што на крајот ќе ги олесни поефикасните и повлијателни напори за заштита на правата на децата.

✅Градење на општини пријателски за децата

👥Претставници на локалните власти, УНИЦЕФ во Македонија, граѓанските организации, академици и млади и деца ќе земат учество како говорници на конференцијата, споделувајќи искуства, научени лекции, и поттикнувајќи вклучување на децата во локалното планирање.

🗣Дискусијата ќе понуди увид на состојбата на локално ниво и потенцијалот и можностите за градење на општини кои ќе бидат посветени на децата!