Како дел од проектот, од 22 до 24 јануари 2024 година беше спроведена тридневна обука за обучувачи, наменета за претставници на локалната самоуправа и образовниот кадар од училиштата и градинките во општините Велес, Дебар, Гостивар, Виница, Кисела Вода, и ЗЕЛС.
Преку оваа обука учесниците ги зајакнаа своите вештини за конципирање на работлници преку користење на методолошки алатки кои придонесуваат за создавање безбедни простори за напредување на децата и младите, притоа го обезбедија потребно знаења и вештини за ефективно обучување на другите претставници од локалните власти за теми поврзани со правата на децата.
Со зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи и образовниот кадар директно се поттикнува и поддржува реализацијата на визиите за градови посветени на децата, кои ги земаат во предвид потребите и благосостојбата на децата и младите во нивната општина, како и да размената на знаење со други единици на локалната самоуправа.
За да се овозможи размена на меѓусекторкси практити за потенцијалните предизвици при формирање на градови посветени на децата остварена беше посета на општина Охрид ,што им даде можност на учесниците да дискутираат за прашања поврзани со вклучувањето на децата во локалното одлучување.