Обука за претставниците на локалните самоуправи и ЗЕЛС

Јан 25, 2024

Во периодот од Ноември 2023 до Јануари 2024 се одржаа низа обуки наменета за зајакнување на капацитетите на претсавниците од локалните самоуправи во Велес, Гостивар, Дебар, Виница и Кисела Вода, во однос на детски права и детско учество за прашања од локално значење.

📆 16-17.11.2023, Гостивар

📆 30.11.-01.12.2023, Виница

📆 13-14.12.2023, Дебар

📆 25-26.12.2023, Кисела Вода

📆 17-18.01.2024, Велес

Локалната самоуправа има овластување и одговорност да влијае на квалитетот на животот на децата!

Учесниците научија нови концепти за креирање градови посветени на децата, дискутираа за детските права и детско учество и разработија нови алатки и механизми за поттикнување на правата на децата и младите преку нивно вклучување во локално планирање.