Обуки за воспитно-образовниот кадар

Јан 20, 2024

Во периодот од Номвери 2023 до Јануари 2024 се одржаа низа дводневни обуки за зајакнување на капацитетите на воспитно-образовниот кадар од општините Велес, Гостивра, Виница, Дебар, Кисела Вода, фокусирајќи се на детските права и остварувањето на правата на децата!

📆 16-17.11.2023, Гостивар

📆 30.11.-01.12.2023, Виница

📆 13-14.12.2023, Дебар

📆 25-26.12.2023, Кисела Вода

📆 17-18.01.2024, Велес

Воспитно образовните установи имаат значајна улога во креирање средини и воспоставување услови за остварување на правата на децата!

Учесниците научија нови стратегии за промовирање на детските права, алатки и механизми за застапување и работа со деца и млади. Дополнително ги зајакнаа своите вештини и знаење за планирање и спроведување на консултации со децата за прашања од локално значење.