МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ: ОПШТИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ДЕЦАТА
Општините играат клучна улога во промовирањето, остварувањето и заштитата на правата на децата, но за тоа им се потребни стратешки документи кои ги земаат предвид уникатните потреби, перспективи и очекувања на децата.
МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ е иницијатива финансирана од Европската Унија која има за цел да ги зајакне напорите на локалните власти за унапредување на човековите права на децата и учеството на децата во локалното планирање. Иницијативата се спроведува од Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Центарот за семејно и детско згрижување – КМОП Скопје. Проектот е поддржан од општините Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода и Заедницата на општини (ЗЕЛС).
ПРОЕКТНИ ПАРТНЕРИ
Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Меѓаши
Центар за семејно и детско згрижување - КМОП Скoпje