Примената на најдобрите практики

Дек 4, 2024

Европските искуства како водич за општини посветени на децата.

Во фазата на развивање на стратешките планови да се потсетиме на важноста на вклучувањето на европските добри практики и искуства од Грција, Австрија и Германија во развојот на стратешките планови за деца во општините Велес, Виница, Дебар, Гостивар и Кисела Вода.

 Што научивме?

  • Ангажман на заедницата: Вклучувањето на сите делови од заедницата, вклучувајќи ги и локалните власти, е клучно за успешно задоволување на потребите на децата и младите.
  • Поддршка за учеството на децата: Создавање механизми кои ќе овозможат децата да учествуваат во донесувањето одлуки кои се однесуваат на нивните права и потреби.
  • Инклузивност: Развивање на инклузивни средини и активности за деца со попреченост, кои ќе овозможат нивно активно учество во секојдневните активности.
  • Безбедна и здрава средина: Создавање на безбедни и пристапни патеки и игралишта, како и создавање на простор каде децата ќе се чувствуваат сигурно и поддржано.

Ова е основа за одржлив развој и инклузивност во заедницата и важен чекор за создавање општини кои ги ставаат правата на децата во фокус!

Погледнете го видеото и прочитајте ја нашата брошура „Креирај го твоето место за растење“ за да дознаете повеќе за европските искуства и практики!