Прирачник за формирање општински панели за детски права

Јул 5, 2024

Една од главните активности во проектот „Место за растење – општини посветени на децата“ е формирањето на општински панели за детски права во Кисела Вода, Виница, Дебар, Велес и Гостивар. Овие панели ќе бидат постојана структура која ќе ја промовира и практикува перспективата на детето во локалната самоуправа.

Воспоставувањето на овие тела ќе обезбеди структурирана и фокусирана работа на правата на децата, развој на локални стратегии и следење на нивното спроведување. Панелите ќе бидат клучни во обезбедувањето механизми каде гласот и потребите на детето ќе се слушаат и почитуваат.

Прирачникот за конституирање на панели за детски права опфаќа функции и одговорности на панелите, состав и избор на членови, начини на работа, формирање работни групи, должности на членовите и пристапи за вклучување на децата во локалното одлучување.

Прочитајте го прирачникот и дознајте повеќе за процесот на формирање локални панели за деца во вашите општини!