Потребите на децата се основа на локалното планирање во Велес.
Во општина Велес, на 12 декември, се одржа третиот локален панел за стратешко планирање за деца, посветен на развојот на Стратегијата за детски права и Акцискиот план.
Претставници од општината, наставно-образовниот кадар, социјалните работници, граѓанските организации и други локални чинители активно дискутираа за тоа како да се почитува мислењето на децата и да се интегрираат нивните потреби во локалното планирање.
Фокусот на општината е насочен кон обезбедување квалитетно образование и основни социјални услуги за сите деца, како и создавање безбедна, чиста и поттикнувачка средина исполнета со културни и забавни активности.
Беа предложени конкретни решенија и мерки за остварување на правата на децата, истовремено оценувајќи ја моменталната состојба и дефинирајќи приоритети за идни активности.
Локалното планирање за деца мора да се темели на директни консултации, земајќи ги предвид потребите и барањата на самите деца!