Заеднички чекори за правата на децата во општина Виница
На 12 декември во општина Виница се одржа третата работна средба со претставници од локалниот општински панел кој ги вклучува општината, наставно-образовниот кадар, граѓанскиот сектор, културните друштва, МВР, ЦСР и децата. Работната средба беше посветена на креирање на стратегијата за детски права на општина Виница.
Учесниците покажаа висока посветеност и активно предлагаа конкретни чекори за подобрување на животот на децата и младите во заедницата.
Клучните стратешки цели кои беа идентификувани:
- Правично третирање и почитување на децата од заедницата и локалните власти,
- Слушање и интегрирање на нивните потреби во локалните политики,
- Обезбедување пристап до квалитетно образование и социјални услуги,
- Создавање безбедна и чиста средина, како и
- Овозможување семеен живот, игра и слободно време.
Активната заложба на членовите на панелот доведе до дефинирање на активности и остварливи решенија за унапредување на правата на детето во општина Виница.
Заедничкото дејствување е основа за создавање општини – пријатели на децата!