Локалниот панел за стратешко планирање за деца во општина Кисела Вода одржа трета работна средба!На вчерашната средба (02.12.2024) беа дефинирани конкретни активности кои ќе станат дел од Акцискиот план на Стратегијата за унапредување на правата на децата во општина Кисела Вода.
Претставници од воспитно-образовните институции, Општина Кисела Вода и локалниот младински совет со голема посветеност и конструктивни идеи придонесоа за успешноста на средбата. Тие заедно со поддршка од партнерските организации и експертот за стратешко планирање идентификуваа активности и прецизираа детали за нивната реализација.
Стратегијата и акцискиот план се развиваат врз основа на директни консултации со децата, кои имаа активно учество во одлучувањето за теми важни за нив. Овие консултации, одржани минатиот месец, послужија како основа за утврдување на приоритетите и насоките за делување.
Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон создавање заедница која ги става правата, гласот и потребите на децата во центарот на вниманието.
Голема благодарност до Општина Кисела Вода за топлото добредојде и гостопримството!