Стратешко планирање во општините Дебар и Гостивар

Дек 11, 2024

Општините со голема посветеност ги развиваат стратегиите за правата на децата!

На 10 декември се одржа третиот состанок на општинските панели за стратешко планирање во Дебар и Гостивар.

Овие панели беа одлична можност за проценка на моменталната состојба, размена на идеи и искуства, како и предлагање конкретни акции за подобрување на благосостојбата на децата во општините.

Истовремено, ова е значаен чекор напред во креирањето на општини кои ги ставаат децата во фокус – вреднувајќи го нивниот глас, нивните потреби и нивните права.

Работните средби беа исполнети со продуктивни дискусии и конкретни заклучоци за реализација на идните иницијативи, со цел да се создаде подобра заедница за секое дете.