Четврт состанок на управувачкиот одбор на проектот

Ное 28, 2024

На 28.11.2024 го одржавме четвртиот состанок на работната група на проектот „Место за растење – Општини посветени на децата“. На истиот, освен од Прва детска амбасада Меѓаши и КМОП Скопје учествуваа претставници од општините Виница, Велес, Дебар и Кисела Вода, како и едно дете од Дебар.

Овој состанок беше одлична можност за размена на идеи, анализирање на досегашните резултати и планирање активности кои ќе го зајакнат учеството на децата во носењето одлуки и ќе придонесат во создавањето општини посветени на децата.

Сите учеснички и учесници го искажаа своето задоволство од позитивното влијание на проектот во нивните општини и изразија мотивираност да учествуваат во идните активности кои ќе придонесат кон постигнување на целите.

Средбата беше исполнета со продуктивни дискусии, преглед на постигнатите и идните активности како и работилнички дел за зајакнување на тимската соработка.