Дванаесетoто Соопштение

Јул 18, 2025

Пилотирање и обука за користење на платформа за дигитално следење на правата на децата!

Во рамките на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“, беше пилотирана новa платформа за следење на примената на локалните стратегии за правата на децата за чија употреба беше спроведена и обука.

Оваа дигитална алатка е дизајнирана да обезбедува транспарентно, редовно и сеопфатно следење на состојбата со правата на децата во општинините вклучени во проектот но и пошироко.

Сесијата се одржаа на 17 јули преку платформата Zoom, со учество на шест претставници од локалните самоуправи на општините Виница, Велес, Дебар и Кисела Вода.

Обуката беше снимена и споделена заедно со прирачник за користење, со цел да се обезбеди еднаков пристап до содржината на обуката за сите Општини.

👉 Newsletter