Во рамките на проектот „Место за растење – Општини посветени на децата“, децата од петте партнер-општини (Кисела Вода, Виница, Велес, Дебар и Гостивар) имаа можност да креираат видео подкасти во кои отворено зборуваат за прашања што се важни за нив.
Целта на овие подкасти е да им се даде платформа на децата да го искажат своето мислење, искуства и предлози поврзани со:
- Детските права
- Училишниот живот и менталното здравје
- Безбедноста во нивната заедница
- Идеи за подобра иднина за сите деца
Децата се тие што ги избраа темите, поставуваа прашања, водеа разговори и ги креираа пораките кои сакаат да ги слушне јавноста – од нивниот агол, со нивни зборови.
Со овие подкасти сакаме да ги охрабриме сите деца да го зајакнат својот глас и да веруваат дека нивното мислење е важно – затоа што е!
Следете нè – наскоро ги објавуваме првите епизоди! Децата имаат што да кажат. А ние треба да слушаме.