Дигитална платформа за следење на правата на децата

Јул 18, 2025

Во рамките на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“, беше развиена уникатна дигитална платформа за следење на спроведувањето на локалните стратегии за правата на децата, за чија употреба беше спроведена и обука.

Платформата е интерактивна и интуитивна алатка кој овозможува транспарентно, редовно и сеопфатно следење на приоритетите, целите, индикаторите и активностите на општините. Достапна на македонски и албански јазик, таа промовира транспарентност, отчетност и активно учество, овозможува визуелизација на напредокот и споделување на добри практики.

Оваа дигитална алатка служи како динамичен виртуелен простор за собирање податоци за напредокот, влијанието и резултатите за децата, олеснувајќи ефикасно следење на стратегиите и поддржувајќи застапувачки активности. Таа истовремено инспирира и други локални власти да усвојат мерки кои ја промовираат и ја зајакнуваат улогата и правата на децата.

👉 ourplacetogrow.mk