Како изгледа кога општините НАВИСТИНА ги слушаат децата?
Откријте преку видео-сведоштвата од локалните самоуправи на општините: Кисела Вода, Дебар, Гостивар, Виница и Велес – партнери на проектот „Место за Растење: Општини посветени на децата!“
Под наслов: „Постигнувања и најдобри практики од проектот Место за растење“ локалните сампоуправи зборуваа за промената на перспективата за вклученоста на младите и за улогата што децата можат да ја имаат во обликувањето на заедницата.
Нивните сведоштва ги откриваат конкретните промени, научените лекции и примерите што можат да бидат патоказ за сите што сакаат да создадат средина прилагодена на детските потреби и идеи.
Инспирирајте се за промени!
Погледнете ја видео-компилацијата со највпечатиливите моменти:
Следете нèнаскоро објавуваме и ЦЕЛОСНИ видеa од секое интервју!
Да градиме заедници каде гласот на детето се слуша, почитува и зема во предвид!