Тишина, се снима!

Апр 17, 2025

Подготвуваме нешто ново и инспиративно!

Во рамки на проектот „Место за растење – општини посветени на децата“, започнавме со снимање видео искуства преку кои општините ги споделуваат своите искуства, успешни практики и предизвици од проектот.

Претставниците на општините Велес, Дебар, Гостивар, Виница и Кисела вода зборуваат за:

  • Позитивните промени што ги забележале во заедницата,
  • Најважните аспекти од вклучувањето на децата во локалното планирање,
  • Како овој проект го променил нивното гледиште за правата и учеството на децата,
  • Предизвиците со кои се соочиле и како ги надминале,
  • Совети за други општини кои сакаат да ги вклучат децата во процесите на донесување одлуки.

Следете нè за да ги дознаете нивните сведоштва од прва рака – искуства кои можат да послужат како модел и инспирација за секоја заедница!