Ни претставува задоволство да објавиме дека Општина Виница го усвои Стратешкиот план за правата на децата!
На 27 мај 2025 година, Советот на Општина Виница ја одржа својата 42. редовна седница, каде како осма точка на дневниот ред беше разгледан и едногласно усвоен Стратешкиот план за правата на децата на територија на Општина Виница 2025-2029 како и Акцискиот план за негово спроведување.
Едногласно, со 15 гласови ЗА, беше донесена одлука која ќе ја обликува иднината на најмладите жители на општината. Ова не е само документ, туку залог за подобро утре, за грижа, поддршка и развој на децата!
Секако, сето ова немаше да биде можно без сите вас кои се вложивте во овој процес, децата, претставниците на општината и институциите. Благодариме на сите кои беа и се дел од овој процес, кои веруваа и работеа неуморно за да го направиме ова реалност. Заедно создаваме подобар свет за секое дете!
Сега ќе следува почетокот на реализацијата на Стратешкиот план за кој искрено веруваме дека ќе се реализира онака како што е објаснето во Акцискиот план!
Дискусијата и забелешките од седницата можете да ги погледнете на овој линк (28, 29 минута):