Ви ја претставуваме е-библиотеката на „Место за растење“, која нуди образовни ресурси и материјали дизајнирани за градење капацитети во рамките на проектот, како и релевантни материјали развиени од други извори.
Нашата е-библиотека е наменета за локалните власти, образовниот кадар и сите заинтересирани лица кои сакаат да ги прошируваат своите знаења и вештини за темите поврзани со детски права. Целта е да се поддржат активностите за креирање општини погодни за деца и промоција на детските права.
Во е-библиотеката ќе најдете повеќе од 20 ресурси организирани во три главни тематски области:
🔸Промоција на детските права и учество на децата
🔸Методологии за истражување и консултации со деца
🔸Развој на локални стратегии за детски права
Наскоро ќе се спроведе работилница со претсавниците на општините за за корстење на достапните ресурси и давање насоки за основните постулати за спроведување истражувања со деца.
E-библиотеката е бесплатнa и достапнa на македонски, албански и англиски јазик.
Посетете ја нашата Е-БИБЛИОТЕКА денес и започнете со истражување!