Спроведување на правото на учество на децата во донесувањето одлуки во училиштата и локалните заедници [Мониторинг извештај]

АВТОР/ ИЗДАВАЧ:

Coalition SEGA

ОПИС:

Овој мониторинг покажува дека правото на децата да учествуваат во донесување одлуки на локално ниво не е доволно регулирано и спроведено. Државата нема проактивен пристап, а националните институции немаат капацитет да ги вклучат децата во одлуките. Иако 47% од училиштата имаат некакви механизми за учество, тоа најчесто се сведува на неформални разговори. Позитивен пример се Кавадарци и Штип, каде постојат совети на млади, но генерално недостасуваат формални механизми за консултација. Потребни се структурирани политики за суштинско вклучување на децата во процесите на одлучување.

ЈАЗИК:

Македонски