Конвенцијата за правата на детето е меѓународен договор за човекови права што ги дефинира граѓанските, политичките, економските, социјалните, здравствените и културните права на детето.
Овој документ го содржи целосниот текст на Конвенцијата за правата на детето како што е усвоен на 20 ноември 1989, а стапи во сила на 2 септември 1990.
Генерален коментар бр.12 Правото на детето да биде слушнато
АВТОР/ ИЗДАВАЧ: Комитет за правата на детето при ООН (2009)
Во овој генерален коментар Комитетот за правата на детето дава детално толкување на член 12 од Конвенцијата за правата на детето и дава насоки за негова примена во практика.
Во овој прирачник наставниците можат да најдат корисни идеи и материјали со цел поттикнување на учениците од средно образование да ја зацврстат нивната улога како млади граѓани оспособени за учество во демократските процеси. Истиот содржи девет теми поделени во 3 дела: Учество во заедницата, Учество во политиката - разрешување конфликти и решавање проблеми и Учество во политиката - учество преку комуникација.