Една слика вреди илјада зборови… а детската творба вреди уште повеќе!
Погледнете ја изложбата „Галерија од детска перспектива“ – каде гласовите на најмладите се преточени во дела и пораки!
Децата од Кисела Вода, Дебар, Гостивар, Виница и Велес креативно ја прикажаа СВОЈАТА ВИЗИЈА за општина во која сакаат да растат – безбедна, зелена, весела и праведна.
Тие одговорија на важни прашања: Што им се допаѓа, а што недостасува за таа да биде среќно место за растење?
Кога децата се прашани – иднината добива боја!
Нека ова не биде само изложба, туку заложба – да ги следиме нивните насоки и да градиме заедници достојни за секое дете.