Десетто Соопштение

Јул 1, 2025

Завршна Конференција: „Растеме заедно: достигнувања, искуства и идни чекори“

Во рамките на проектот „Место за растење: општини посветени на децата“, Центарот за семејно и детско згрижување – КМOП Скопје и Првата детска амбасада во светот Меѓаши одржаа завршна конференција на која беа презентирани резултатите од проектот, беа споделени искуства, предизвици и научени лекции во негово спроведување. Се дискутираше за идеите и визиите за одржување на постигнатите резултати.

Конференцијата се одржа на 25 јуни 2025 година во Европска Куќа – Скопје со присуство на деца, млади и претставници од локалните самоуправи, граѓански организации, градинки, основни и средни училишта од Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода. Помеѓу присутните беа и г-ѓа Весна Бошевска-Петрушевска од Канцеларијата на Народниот Правобранител и меѓународниот претставник на Делегацијата на ЕУ, г-ѓа Марција Палота.

👉 Newsletter