Децата ЗБОРУВААТ – сите СЛУШАМЕ!

Јул 15, 2025

Во рамките на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“, детски и младински претставници од партнерските општини -Виница, Гостивар, Кисела Вода, Велес и Дебар- го земаа микрофонот во свои раце и ја споделија својата вистина!

Со свои зборови, од лично искуство и преку подкасти, говореа за сè што сакаат да им го пренесат на возрасните: своите соништа, предизвици, и визии за средината во која живеат.

Секој подкаст е мал прозорец во детскиот свет – полн со идеи за подобро утре, искреност што допира до сите и топлина што инспирира.

Ги споивме овие оригинални гласови во видео компилација – мозаик од пораки кои ни ја откриваат уникатната детска перспектива.

Погледнете ја компилацијата тука:

Но, подгответе се – пристигнуваат целосните епизоди од подкастите!

Секоја општина доби свој видео-подиум, а гласовите на децата ќе бидат слушнати – јасно, гласно и со причина!