Ново од проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“!
Успешно го спроведовме пилотирањето и обуката за новата Дигитална платформа за следење на правата на децата!
Дизајниравме уникатна и интуитивна алатка, која овозможува транспарентно, визуелно и редовно следење на реализацијата на локалните стратегии за детски права.
Општините Велес, Виница, Дебар, Гостивар и Кисела Вода стануваат пионери на една нова ера – дигитално следење, планирање и известување за правата на децата.
На 17 јули, претставници од локалните самоуправи учествуваа на онлајн обука, каде стекнаа и теоретско знаење и практични вештини за ефективна употреба на платформата. Оваа сесија поттикна чувство на сопственост и ангажираност кај општините во процесот на дигитално следење.
Платформата е официјално активна, бесплатна и достапна на македонски и албански јазик и отворена за сите општини!
Ги охрабруваме локалните самоуправи ширум државата да се приклучат и станат дел од заедницата што гради транспарентни, отчетни и општини кои ги вклучуваат децата во локалното одлучување.
Заедно градиме општини посветени на децата!
Разгледај ја платформата тука: ourplacetogrow.mk