Последен состанок на управувачкиот одбор на проектот

Јул 29, 2025

Денес се одржа последниот официјален состанок на проектот „Место за растење“ – заокружувајќи едно значајно патување посветено на создавање поддржувачки средини за децата во петте општини – Велес, Виница, Кисела Вода, Дебар и Гостивар.

На состанокот ги споделивме постигнувањата , ги разгледавме научените лекции и дискутиравме за можностите за одржливост на воспоставените механизми за детско учество и локално планирање засновано на потребите на децата.

Предизвиците се секогаш неизоставен дел од работата, но ние остануваме и ќе продолжиме да бидеме посветени на нашата визијата за подобро место за растење за секое дете – општини каде секое дете расте во средина што го слуша, разбира и поддржува.

Горди сме на сè што постигнавме , а уште погорди што заедно оставивме трага која ќе продолжи да инспирира.

Со завршување на проектот не завршува и нашата мисија – напротив, продолжуваме уште посилни, поискусни и посветени!