Приказната за проектот „Место за Растење: Општини посветени на децата“ – е долга но има среќен крај!
Од првите чекори и консултациите со децата, до заедничките визии и постигнатите резултати во општините Кисела Вода, Дебар, Гостивар, Виница и Велес– заедно изодевме пат кој долго ќе го паметиме!
Во него, најмладите ни кажаа што им се допаѓа, а што недостасува во нивните опшини и како ја замислуваат својата иднина, а возрасните го отпочнаа остварувањето на нивната замисла за посреќно место за растење.
Резултатите зборуваат сами за себе: изготвени се стратешки планови за детски права, кои ќе направат посилни заедници каде гласот на најмладите е вграден во визиите на општините.
Кога децата се вклучени, секоја активност станува инспирација, а секој резултат – основа за подобро утре.
Погледнете го краткото видео, ИНСПИРИРАЈТЕ СЕ и нека патувањето продолжи!