Инспирирани од проектот „Место за растење“, тимот од Општина Кисела Вода, ја создадоа детската песна „Среќно место за растење“ – искрен и креативен израз на нивната љубов и визија за среќно, сигурно и безгрижно детство.
Видеото ја претставува креативноста на децата преку нивните цртежи, кои ни ја откриваат нивната визија за Кисела Вода – каква што тие ја сонуваат: полна со зеленило, игралишта, училишта, и среќни лица.
„Среќно место за растење“ не е само песна – тоа е порака од децата, исполнета со надеж, радост и инспирација.
Создадена со љубов и посветеност, оваа песна останува како траен симбол на тоа што можеме да постигнеме кога ги слушаме детските гласови.
Браво за Општина Кисела Вода и Lokalen panel na Kisela Voda – вие сте вистински двигатели на позитивни промени!
Погледнете го видеото и дозволете инспирацијата од децата да ве поведе и вас – да создадеме среќни места за растење во секоја заедница.