Овој ден е посветен на правата, заштитата и добросостојбата на децата ширум светот. Неговата цел е да потсети дека секое дете има право на живот, образование, сигурност и безгрижно детство.
Но денес, како никогаш досега, мораме гласно да се спротивставиме на насилството врз децата, нивното убивање, изгладнување и страдање, особено во конфликтните региони.
Децата насекаде низ светот имаат право на мир, храна, дом, иднина. Нивните уништени животи се повик за акција, повик за правда.
Ниту едно дете не треба да живее во страв. Ниту едно дете не треба да биде жртва на војни и насилство!
Овој ден денеска не смее да биде празник, нека биде момент на одговорност и солидарност!
Да зборуваме! Да дејствуваме! Да го заштитиме секое дете!