На 15 април се одржа 5-тиот состанок на Управниот одбор на проектот „Место за растење – општини посветени на децата“.
Заедно со претставниците од општините Дебар, Гостивар, Велес, Виница и Кисела вода разговаравме за напредокот во финализирањето и усвојувањето на стратешките и акциските планови за детски права на локално ниво.
Исто така на состанокот беше презентирана првата верзија од платформата за мониторинг на стратешките планови на општините, која ќе овозможи транспарентност и следење на напредокот кон остварување на поставените цели.
Заедно со општините ги дефиниравме и идните активности каде децата директно ќе учествуваат, преку видео подкасти, кои ќе овозможат:
- Промовирање на детските права и активно учество во локалното планирање
- Подигање на свеста за прашањата што ги засегаат децата
- Охрабрување на децата да ги споделуваат своите ставови, идеи и грижи
Оваа активност е дел од поширокиот напор да изградиме инклузивни и одговорни општини – каде гласот на децата се слуша и почитува.
Крајните резултати од проектот се должат на искрената заложба и поддршката од општините.
Заеднички ќе продолжиме да градиме заедници кои ќе бидат посветени на децата.