Работилница за консултации со деца

Мар 25, 2025

На 24 март во рамките на проектот „Место за растење“ се одржа работилница со цел зајакнување на капацитетите на претставници од локалните самоуправи, градинки, основни и средни училишта од Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода во организирање средби со деца и млади.

Во рамки на работилницата, посебен акцент беше ставен на разработка на еден од ресурсите од Е-библиотеката на проектот, кој предизвика најголем интерес кај учесниците – креирање средина во која децата се чувствуваат почитувано, безбедно и слободно да го искажат своето мислење.

Што опфати работилницата?

  • Подобрување на вештините за консултации со деца
  • Создавање безбедна и поддржувачка атмосфера за нивно учество
  • Организирање средби меѓу деца, млади и носители на одлуки, особено во ризични ситуации
  • Запознавање со Е-библиотеката – ресурсите и можностите што ги нуди
  • Размена на идеи за нејзино унапредување

Општините покажуваат ангажман и посветеност кон создавање подобри можности за децата, а ние остануваме мотивирани да ја продолжиме оваа мисија!